top of page

Манастир „Св. Андреја“ - Матка

 

 

„Св. Андреја“ — манастир езерото Матка, на 17 км од Скопје, во клисурата на реката Треска. Скриен е меѓу стрмните и високи карпи и претставува еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето натписи од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, значајни за нејзината историја. Посветен е на Апостол Андреја.

 

Историја

Другиот син на кралот Волкашин, Андреја, ја подигнал оваа црква во 1389 година. Фреските се дело намитрополитот Јован (брат на познатиот иконописец Макариј) и јеромонахот Григориј, кои се потпишани вопроскомидијата. Додека митрополитот е познат како зограф кој работел во околината на Прилеп (меѓу другото, ја има насликано иконата „Исус Христос Спасител и Животодавец“ за манастирот Зрзе во 1384 година), Григориј тука се јавува за првпат.

„Тие ја продолжуваат традицијата на дворската иконографска школа.Оставајќи ги животите на Христос иБогородица, тие во фреските прво место им даваат на ликовите на воините, во раскошни воинствени одежди и со истакната мускулатура, необично добро насликана“.

Во уметнички поглед овие фрески, според зборовите на стручњаците, претставуваат новина во македонското средновековно сликарство. Сликарите тука јасно ја изразиле тенденцијата за решавање на некои основни сликарски проблеми во перспектива и во поставувањето на фреските во одреден простор. Меѓу фреските секако треба да и се обрне внимание на композицијата „Молитва на маслиновата гора", на јужниот ѕид од црквата.

Во натписот, северно од олтарната конха, испишани се имињата на зографите: митрополит Јован, зограф и монахот Григорие. Митрополитот Јован е познат уметник, кој работел со брата си Макариј во околината наПрилеп. Нивната дејност била сконцентрирана во манастирот „Св. Спас“ над селото Зрзе, близу Прилеп, каде се појавуваат и како ктитори на црквата што ја подигнал нивниот дедо монахот Герман.

© 2023 by Luxury Yacht Charter. Proudly created with Wix.com

bottom of page